07 Октомври, 2024
0.0350

Тевдоски против Анѓушев за поголем данок на доход, кој ќе победи?

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Тевдовски и Анѓушев со различни ставови за тоа колкав треба да биде прагот за воведување перосонален данок на доход.  Тие доминираа на денешниот економски форум „Македонската економија меѓу визија и дилема: Предизвици на економските политики“.

Тевдовски укажа дека според податоците што ги добиле од Управата за јавни приходи само два отсто од населението во земјава има плата над 1.000 евра, а останатите 98 отсто се под оваа граница.

„Сметаме дека сите оние што имаат месечна плата над 1.000 евра или доход по друг основ треба да плаќаат прогресивен данок на доход. Тоа значи дека за сумата до одредениот праг или до 1.000 евра ќе плаќаат 10 отсто персонален данок, а за сумата над овој праг да плаќаат по даночна стапка од 18 отсто. Сметаме дека оваа стапка нема да удри на средната класа. Наскоро законското решение ќе го објавиме на ЕНЕР и очекуваме широка јавна дебата“, кажа Тевдовски.

Според него воведување на оваа мерка позитивно ќе се одрази на буџетот.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека околу прогресивниот данок не се сложува само околу прагот за оданочување, оти ако тој се постави многу ниско ќе биде контрапродуктивен. На прашањето дали соработува со министерот Тевдовски на програмата за економски развој или и за неа имаат различни ставови, Анѓушев кажа:

„Нема конкретен праг на кој треба да се постави прогресивното оданочување, но лично сметам дека тој треба да биде повисок. Со министерот Тевдовски имаме одлична соработка. Не знам каква е таа демократија ако сите имаме исто мислење. Видовме таква демократија во минатата Влада. Со министерот Тевдовски одлично соработуваме, три пати неделно имаме заеднички состаноци за економската програма, а еднаш во две недели и во Владата во рамки на економскиот совет што го води премиерот Заев. Околу несогласувањето со прагот за прогресивниот данок, сè уште како Влада не сме зазеле став и сметам дека треба да има дебата“, кажа Анѓушев.

Тевдовски исто така кажа дека одлично соработува со вицепремиерот Анѓушев.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил