17 Јануари, 2025
0.0281

Тевдовски од Велес: Јакнењето на малите бизниси приоритет на СДСМ

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Драган Тевдовски, член на Извршниот одбор и претседател на Комисијата за економија на СДСМ, денеска од Велес порача дека јакнењето и развојот на малите бизниси е приоритет во економскиот план на неговата партија. Тој изјави и дека годишната државна поддршка за развојот на малите и средните претпријатија од сегашните 150 илјади евра ќе се подигне на 20 милиони евра, за до крајот на мандатот да изнесува 50 милиони евра годишно.

- Овие средства ќе бидат надополнети со надворешни кредитни линии, како на пример таа од Европската инвестициона банка и ќе бидат доделувани во еден цел заокружен систем на поддршка кој ќе вклучува од поддршка за започнување на бизнис, поддршка за отворање на работно место, поддршка за полесен пристап до финансии, потоа создавање на мрежи и кластери, поврзување на домашни со странски претпријатија. Исто така ќе има поддршка за извоз и иновации и пренос на технологии од странство, изјави денеска Тевдовски.

За домашните фирми да се развиваат, вели тој, СДСМ ќе ја ослободи бизнис климата, фирмите нема да бидат изложени на политички притисоци и да бидат заплашувани со казни, државата навреме ќе ги плаќала своите обврски кон претпријатијата, а промената на законите ќе биде предвидлива и во договор со бизнис секторот. „Ќе ја намалиме фирмарината за претпријатијата коишто имаат помалку од 5 вработени“, додава тој.

- Отворањето на нови бизниси ќе биде поддржано од државата. Во сите поголеми општини, државата ќе обезбеди деловен простор за повеќе новоосновани фирми бесплатно, каде што државата ќе им ги покрива и трошоците за одржување, архива, сметководство и слично. Заинтересираните граѓани ќе можат да основаат свое претпријатие и со 1 евро почетен капитал, но овие претпријатија ќе бидат видно обележани. А, за подобро да се штитат правата на малите бизниси ќе се воведе Кредитен правобранител, по урнек на земјите од Европската унија, додава Тевдовски.


Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете