05 Декември, 2025
0.0352

Тевдовски:Владата повеќе се грижи својот комфор во министерствата отколку за децата во училиштата

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2012 11:31

Добивај вести на Viber

  Во областа на трудот и социјалната политика се највидливи целите и рзултатите на буџетската политика на власта. Од една страна има намера за купување гласови а од друга страна се руши иднината, посочи Драган Тевдовски од СДСМ по завршувањето на економско социјалниот совет во партијата. Имено вели Тевдовски, Власта се фокусита на најголемите групи на општеството и рпедвидува зголемување на пензиите и социјалната помош од 5 отсто. И тоа кога ? Се разбира , кога ќе бидат изборите – во март догодина. Да биде јасно вели Тевдовски,ние го поддржуваме секое зголемување на пензиите и социјалната помош, но сепак овие зголемувања нема да бидат доволни да го подобрат животниот стандард на пензионерите и социјално ранливите категории во земјава , можеби нема да бидат доволни дури ни да го зачуваат , поради силниот раст на цените во последниот период , посебно во домувањето. Прво , се доведува во прашање идната исплата на пензиите мна сегашните и идните пензионери. Предлог буџетот покажува дупка , недостаток која на Фондот за ПИОМ ќе треба да се покрие со државниот буџет . Она што од централниот буџет треба да се префрли на Фондот изнесува 20 милијарди денари и сега изнесува скоро колку и платите на целата јавна и државна администарција .  За споредба недостаокот на Фондот , вели Тевдовски во 2006 година изнесуваше 9 милијарди денари и за само седум години таа дупка е зголемена  двојно. Овој дефицит на Фондот се јавува пред се поради несупехот на власта да ја зголеми вработеноста во економијата. Како и да е ако вака продолжат , смета Тевдовски, кога нема да можат да се задолжат тогаш овој Фонд ќе остане без потребните средстав и нема да може да се исплатат пензиите . Второ, во екот на Владината кампања за повеќе деца , Владата во Буџетот предвидува намалување на средставата за изградба , опремување и одржување на објекти за детска заштита и тоа од 81 милиони денари во 2012 година на 54 милиони денари во 2013 година. Недозволиво е порачува Тевдовски во државниот буџет за доизградба на зградата на Министерството за финансии да има четири пати повеќе пари отколку за подобрување на јавните установи за деца во земјава, заклучува Тевдовски  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември