Добивај вести на Viber
Освежувачкиот џин со тоник веројатно беше вистинското нешто што шпанските пратеници го бараа по парламентарните сесии во кои се борeа со невработеноста, уличните протести, заглавената економија и другите проблеми, пишува „Reuters“.
Субвенционираните коктели во објектите на парламентот предизвикаа незадоволство меѓу се посиромашните шпански граѓани и вчера лидерите на политичките партии одлучија тие поволности да бидат отстранети од менито.
Фиксните ниски цени дозволуваат шпанските пратеници да уживаат во џин- тоник за 3,45 евра, што е за половина помалку отколку што би платиле во обичен бар.
Ова прашање стана популарно кога парламентот започна да прифаќа понуди од угостителски компании, за управување на кафулињата, кои требаше да им обезбедат услуги, меѓу кои и целосно мени за 9 евра и евтин џин со тоник.
„Нема пари за ручек во училиштата, но има пари за алкохол во парламентот", напиша Маите Естрада Салвадор во писмо за весникот „El Pais“ минатата недела.
Владата на премиерот Маријано Рахој ги крена даноците и ги намали јавните трошоци за училишта и болници, за да ја пополни дупката во буџетот. Во исто време избувнаа голем број корупциски скандали, кои се одразија на неговиот рејтинг, а анкетите покажуваат дека политичарите имаат најнизок рејтинг меѓу сите јавни институции во земјата со неодобрување од 93%.
Добрата вест за пратениците во Шпанија е дека останатите ниски цени во парламентарните установи нема да се променат, вклучувајќи овде и чаша пиво за 0,95 евра, наместо 1.5 до 2 евра колку што чини во бар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.