The TAG Heuer X Porsche искуство – Љубителите на автомобили и часовничарството имаа ексклузивна можност да уживаат во неповторливо искуство
Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2022 12:00
TAG HeuerиPorsche се две моќни имиња во својата категорија. Часовниците и автомобилите секогаш одат рака под рака за луѓето кои вистински знаат да уживаат и да го живеат животот.
Клиентите на „Божиновски часовници и накит“ и Porsche Македонија имаа ексклузивна можност од прва рака да ја почувствуваат моќта која се создава кога ќе направат заедничка соработка два моќни бренда од врвот во својата дејност.
За подобро да ја разберат соработката помеѓу двата бренда клиентите имаа можност детално да се запознаат со совршените механизми на автомобилите и часовниците и да уживаат во тест возење од Скопје до винаријата „Лазар“.
„Ако е потребно да дефинираме што точно значи „совршен спој“ тогаш можеби најдобро е да извозиме неколку километри со рацете на волан од Porsche и часовникот TAG HeuerCarrera X Porsche – лимитирана ексклузивна верзија на часовници кои македонската јавност имаше можност за првпат да ги запознае. Часовникот со својот уникатен дизајн, бои и механизам е креиран идеално да се вклопува во амбиентот на Porsche автомобилот комплетирајќи ја приказната за пасионираност на личноста зад воланот“, велат од Божиновски часовници и накит.
Часовникот е дел од специјална колекција и во „Божиновски часовници и накит“ ќе биде изложен на ограничен временски период. Повеќе информации и резервации на CARRERA PORSCHE CHRONOGRAPH 44 како и на другите TAG Heuer часовници можат да се направат и на линкот.
Погледнете го видеото и фото галеријата од заедничката презентација на Porsche Македонија и „Божиновски часовници и накит“
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




