20 Декември, 2025
0.0496

ТХП: Го исклучивме Ќахил, сега Заев нека го разреши

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 15:05

Добивај вести на Viber

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) испрати соопштение во кое потврди за исклучувањето на нивниот член Аднан Ќахил, и ги образложи причините за таквиот потег.

„Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) ја информира јавноста дека со одлука на партиските органи; Аднан Ќахил е исклучен од партијата. Истовремено од Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е побарано негово разрешување од функцијата министер без ресор.

Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти.

Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење“, се вели во соопштението. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки