19 Декември, 2025
0.0545

„ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО СЕ ОБИДЕ ДА ГИ СПАСИШ“-МИЛОШ СЕ ЗБОГУВА СО СОПРУГАТА И ДВЕТЕ СИНЧИЊА: Погреб на жртвите во Цетиње

Објавено во: Балкан 14 Август, 2022 12:47

Добивај вести на Viber

Милош Мартиновиќ со трогателна порака се прости од сопругата Наташа и двата сина кои во Цетиње ги уби 34-годишниот Вук Бориловиќ.

- Ти благодарам за се што направи за Машан и Марко. Се обиде да ги спасиш од злосторникот кој ве уби невини. Цел живот се бореше за нив и сега повторно сте заедно – пишува во некрологот што го објави неутешниот сопруг и татко.

Денешните весници се полни со некролози во кои најблиските се збогуваат со жртвите од масакрот.

Наташа Пејовиќ Мартиновиќ и нејзините синови ќе бидат погребани денеска на локалните гробишта во Бајице.

Само еден час подоцна, на локалните гробишта во Цетиње ќе биде погребан нивниот кум Милан Митровиќ, кој отишол да види што се случува во куќата на Мартиновиќ. Во Градац ќе биде погребан Горан Ѓуришиќ, вујкото на убиецот на Бориловиќ, кој загина обидувајќи се да го спречи во злосторството. Тричленото семејство Дрецун ќе биде погребано во 16 часот во селото Љубоштињ.

Во Цетиње утрово во 10 часот се одржа комеморација за трагично загинатите сограѓани во масакрот што се случи во петокот. На комеморацијата присуствуваа роднините и пријателите на убиените, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, премиерот Дритан Абазовиќ, градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ...

Вук Бориловиќ, во петокот уби 10 сограѓани, а шестмина од нив рани пред самиот да биде убиен. Според медиумите пукањето траело повеќе од 45 минути. Во крвавата драма со ловечка пушка по случаен избор пукал во станари, соседи, потоа екипа на Итната медицинска помош и припадници на полицијата кои дошле на местото на пукањето, како и случајни минувачи.

Обдукцијата покажала дека има најмалку пет влезни рани, а балистичките експерти и патолозите ќе проценат со кое оружје било пукано во Бориловиќ, а кои рани биле фатални.


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен