ТИЕ ОДЛУЧИЈА: Нема да работат во недела
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2017
Пратениците во Полска денеска изгласаа закон со кој ќе се забрани работа во недела.
Работа на продавниците ќе се дозволи само во првата и последната недела во месецот од март 2018 година.
Веќе во 2019 година само во последната недела во месецот ќе може продавниците да работат.
Целосната забрана ќе стапи на сила од 2020 година.
Исклучок може да има за Велигден и Божиќ.
Критичарите на законот тврдат дека тој лошо ќе се одрази на економијата.