ТИЕ ЖИВЕАТ ОД ИНСТАГРАМ: Советуваат како и вие да успеете
Објавено во: Финансии 23 Октомври, 2017
Луѓето кои не сакаат фиксно работно време, не сакаат да имаат шефови, или да патуваат до работното место, одлучиле да работат на социјалните мрежи.
За да живеат од Инстаграм луѓето треба да знаат неколку трикови.
Ивана Стевановиќ која се занимава со фотографија вели дека е важна рекламата.
„Тешко е да ја одредите цената на своите дела кога ги продавате на Инстаграм. Секоја моја фигура различно се вреднува зависно од тоа колку е тешко да се направи“ - вели таа.
Почнала да следи многу луѓе, а потоа за неа се отвориле многу врати.
„Многу значи ако ве означи некој кој има влијание и има многу следбеници“ - додава таа.
На овој начин се случувало за еден час да има и 150 следбеници.
Но, не е важно само луѓето да ве следат, туку важно е и кои се нивните афинитети.
Душан Ѓорѓевиќ(22) со помош на Инстаграм успеал да продаде 200 цртежи.
Ова момче вели дека Инстаграм е одлично место да се продаде нешто, а тој месечно продава по еден или два цртежи, но бидејќи тие чинат 150 или 200 долари, оваа сума е добра за него.
Убеден е дека оваа тезга ќе стане во иднина ќе биде добар бизнис.