20 Декември, 2025
0.2082

„Тиквеш“ едукација – кое вино со каква храна се конзумира!?

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2013 18:49

Добивај вести на Viber

Љубителите на виното од денеска имаат уникатна можност да се едуцираат за виното и за најдобрите комбинации со храната уште на самите продажни места. Винарската визба Тиквеш овозможи апликација преку која тие можат полесно да го направат најдобриот избор на вино. Така на информативни таблети поставени на винските полици во поголемите маркети, купувачите можат да се информираат за карактеристиките на секое поединечно вино и тоа кое вино со каква храната се конзумира. Оваа иновација во комуникацијата со потрошувачите засега е достапна во два од маркетите на Веро во Скопје, а во наредниот период ќе биде поставена и на други продажни места. Пo новогодишните празници апликацијата ќе биде достапна и на мобилните уреди со што корисните и едукативни информации ќе стигнат до уште поширок круг љубители на виното. „Обидувајќи се да го направат вистинскиот избор, љубителите на виното често минуваат многу време на винските полици во маркетите. Со оваа апликација не само што им се олеснува изборот, туку добиваат и корисни информации за виното и за идеалниот спој со различните видови храна. Веруваме дека оваа алатка е моќен иструмент за подигнување на винската култура на македонските консументи“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ маркетинг менаџер на Тиквеш. Од почетокот на 2007 година до денес, во рамките на сомелиерските академии организирани од винарницата, се обучени над 600 лица од повеќе од 350 хотелско-угостителските објекти од целата држава. Меѓу нив и персоналот од винскиот ресторан на „Тиквеш“ . На последниот регионален фестивал за маркетиншки комуникации во Ровињ, комуникациска платформа на ВВ „Тиквеш“ на социјалната мрежа Facebook, наменета за подигнување на нивото на вински бон-тон во земјата, се најде меѓу најдобрите проекти од земјите на Балканот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии