20 Декември, 2025
0.0393

„Тиквеш“ и „Домен Лепово“ добија 34 медали и признанија на најценети вински натпревари

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2015 13:07

Добивај вести на Viber

Во исклучително голема и остра конкуренција на вина од целиот свет, врвните вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија 34 различни медали и признанија на седумте најмасовни и најценети глобални вински случувања, кои во овој дел од годинатасе одржуваатво Франција, Германија, Велика Британија и Белгија, мeѓу кои и „Декантер“ и „Интернешенел Вајн Челинџ“во Лондон.

На овие натпревари, наградени се вина од премиум сегментот на „Тиквеш“. Најголем дел  од наградените вина се од бербата 2014, која по сите стручни оценки беше една од најтешките, заради неповолните временски услови кои имаа влијание врз квалитетот на грозјето во светски рамки.

Успехот е уште поголем доколку се земе превид фактот што конкуренцијата ја сочинуваа вина од постари берби, произведени во години кога временските услови беадалеку понаклонети за квалитетот на грозјето и виното. Тоа јасно покажува дека „Тиквеш“ располага со најсовремена технологија, стручност и знаење во одгледување на грозје и производството на исклучителни вина со висока вредност.

tikvesn vina

Најновите златни медали ги добија врвните розе вина од серијата „Александрија куве“ и „Класик“, како и црвеното вино „Александрија куве“, освоени на натпреварите „Ле Мондеал д Розе“во Франција и „Конкурс Мондеал“ во Белгија. Веќе традиционално, престижни признанија добиваат и тероар вината „Бела вода“ и „Барово“, како и речиси сите вина од премиум серијата „Спешал селекшн“ и ултра-ексклузивните вина од „Домен Лепово“.

„Да освоите толкав број признанија на натпревари на кои се присутни сите оние што нешто значат во светската винска индустрија, значи дека навистина имате вина кои заслужуваат да се истакнат по својот квалитет и уникатност и тоа во глобални  рамки. Ваквиот успех на нашите вина ги зајакнува нашите напори за зголемување на извозот на вино во шишиња на најзначајните светски пазари и истовремено придонесува за јакнење на реномето на целата македонска винска индустрија, што е една од нашите стратешки цели“, објаснува генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Освоените признанија на ваквите натпревари, претставуваат одлична препорака за нашите вина што се дел од винските карти во рестораните и се наоѓаат на полиците во трговските мрежи ширум светот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии