19 Декември, 2025
0.0613

„Тиквеш“ лансира вина со специјална етикета

Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2014 14:30

Добивај вести на Viber

Винарската визба „Тиквеш“ лансираше вина со специјални етикети кои им овозможуваат на љубителите на виното сами да креираат лична посвета, впишувајќи го датумот, личноста и пригодата за која е наменето виното што го подаруваат. Засега, серијата вина со специјални етикети ја сочинуваат ограничени количини „Вранец Спешл Селекшн“ и „Темјаника Спешл Селекшн“, кои на почетокот ќе бидат достапни во поголемите трговски синџири и специјализирани продавници ширум земјата. „Виното е совршен подарок за секоја пригода. Тргнувајќи од тоа, дојдовме на идеја да им овозможиме на љубителите на виното да стават своја лична посвета на самата етикета со што виното добива уникатен белег за одбележување на датумите и пригодите кои се значајни во животот на секој од нас“, велат од „Тиквеш“. Одлуката за лансирање на вакви вина е дел од од програмата за одбележување на Св. Трифун, празникот посветен на заштитникот на лозарите. За празникот покрај традиционалното закројување на лозите, кое годинава ќе биде одбележано во месноста Лепово, најавуваат дека во 100-тина популарни кафулиња и ресторани ширум земјата ќе ги промовираат своите производи по симболична цена. Изминатата 2013-та година за најголемата винарија во Македонија била делумно успешна - компанијата остварила голем подем на светскиот пазар, но стагнација и пад на регионалните пазари. Како посебен успех од компанијата го потенцираат пробивот на британскиот и данскиот пазар, зацврстувањето на американскиот пазар и почетокот на извозот во Кина.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии