05 Декември, 2025
0.0284

„Тиквеш“ сака да купи хрватска винарија?

Објавено во: Агробизнис 01 Септември, 2014 14:50

Добивај вести на Viber

Македонската винска индустрија „Тиквеш“ е заинтересирана за купување на хрватската винарија „Планчиќ“. Според регионални бизнис портали, главен конкурент на „Тиквеш“ за оваа зделка е српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, сопственик на МК Групацијата и еден од најбогатите луѓе во регионот. Croatia Lloyd неодамна покрена постапка за продажба на винаријата „Планчиќ“, во која поседува удел од 51%. Одлуката за продажба беше очекувана по објавата дека Кроација осигурување има намера да го згасне друштвото за реосигурување Croatia Lloyd. Oваа компанија има мнозински удел во винаријата од 2009 година, кога ја докапитализира винарската визба што ја основа Антун Планчиќ со речиси еден милион евра. Една година претходно Планчиќ доби концесија за земјиште во државна сопственост на кое имаше намера да ја засади најголемата плантажа на сите средоземни острови, но потоа го погоди кризата. По преземањето, "Croatia Lloyd" го разреши Планчиќ од местото директор, а на негово место го постави сплитскиот финансиер Томислав Тукиќ. Сепак и тогаш винаријата не профункционира, бидејќи „Корација осигурување“ не беше подготвена да вложува пари во лозови насади. Српскиот бизнисмен Костиќ подолго време најавува интерес да го прошири својот бизнис на Балканот и бара поволни можности за инвестирање.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?