05 Декември, 2025
0.0420

„Тиквеш“ со раст на добивката и приходите од продажба во 2012 година

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2013 12:22

Добивај вести на Viber

Винарската визба “Тиквеш“ минатата година ја заврши со повеќекратен раст на нето добивката, достигнувајќи износ од 167.000 денари или 2.700 евра, објави компанијата. Според образложението за финансиските резултати реализирани во 2012 година од винарската визба објаснуваат дека вкупните приходи пораснале за 12,1%, односно за 126,5 милиони денари како резултат на пораст на  приходите од продажбата на странски пазар за 25,3%, односно за 118,2 милиони денари и пораст на приходите од продажба на домашен пазар за 1,4%, односно за 8,3 милиони денари во споредба со 2011 година. Во исто време „Тиквеш“ успеал да ги намали расходите од работењето за 10,9% или за 9,3 милиони денари и помала обврска  за данок на непризнат расход за 1,2 милиони денари, што резултира со повеќекратно зголемување на нето добивката за финансиската година на износ од 167.000 денари, се вели во образложението за финансискиот извештај на винаријата за 2012 година објавено на Македонската берза. „Зголемените трошоци на продадени производи  за 171,6 милиони денари, или за 26% споредено со минатата година, резултираат со намалена бруто добивка од 45,1 милиони денари, или намалување за 11,7“ се вели во објаснувањето. Останатите оперативни приходи и оперативни расходи бележат намалување и имаат позитивен ефект на оперативната добивка од 34,8 милиони денари, со што разликата на ниво на оперативна добивка за финансиската година резултира со намалување од 10,3 милиони денари  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност