05 Декември, 2025
0.0298

Тило Куш ја презеде функцијата главен извршен директор на Македонски Телеком

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2013 15:45

Добивај вести на Viber

Тило Куш, од денеска, стапува на функцијата главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје. Куш, во исто време ја презема и функцијата Претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија. Новиот главен извршен директор на Македонски Телеком, Тило Куш доаѓа во Македонија од позицијата главен директор за финансии во Маѓар Телеком, кој оваа функција ја извршува од септември 2006 година. Од 2006 година, тој е член на Одборот на директори во Маѓар Телеком. Куш се приклучува на Дојче Телеком Групацијата во 2001 година како Виши директор одговорен за подготовка на први јавни понуди и односи со инвеститори на T-Mobile International. Од април 2002 година бил на позицијата Виши извршен заменик претседател на Дојче Телеком, одговорен за односи со инвеститори. Во рамките на својата богата кариера, Тило Куш од 1989 до 1992 година успешно основал и водел сопствена компанија за продажба на ИТ решенија за приватни и мали деловни корисници. Од 1992 до 1998 година работел за консултантската компанија Arthur D. Little каде што раководел со услугите за телекомуникации, ИТ, медиуми и забава, а од 1998 до 2001 година бил директор во Dresdner Kleinwort Wasserstein, инвестициска банка на водечка позиција според својот бизнис за телекомуникациски услуги и услуги поврзани со акционерски капитал. -Македонски Телеком ја има најдобрата мрежа, најдобрите услуги во индустријата и одлична корисничка база како резултат на иновативните производи. Ќе продолжиме со инвестиции за да обезбедиме сигурна иднина на компанијата, со што ќе ја потврдиме нашата позиција на најголем инвеститор во државата од една страна, а ќе ја помогнеме и зајакнеме македонската економија од друга страна. Нашата цел е да бидеме не само најдобра и најуспешна компанија, туку со своитe дела да оставиме траен белег во општеството. Затоа, како лидер на пазарот, Македонски Телеком ќе остане фокусиран и посветен на промени, ќе биде носител на иновации и нови технологии. Македонски Телеком нема да отстапи од својата досегашна определба - ќе обезбедуваме само оригинални решенија и услуги според највисоки стандарди за квалитет, прилагодени според потребите на корисниците. Убеден сум дека Македонски Телеком заедно со Т-Мобиле ќе останат препознатливи како фер и достојни играчи во бизнис заедницата, компании кои вложуваат во различни општествени сегменти за доброто за сите граѓани во Македонија“, изјави Тило Куш, Главен извршен директор на Македонски Телеком и претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија. Од денеска, функцијата главен директор за човечки ресурси во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ќе ја извршува Лазар Поповски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј