05 Декември, 2025
0.1053

Тим од МЗШВ на средба со заменик амбасадорот на Руската Федерација, двете страни се согласни да се најде решени за времената забрана за извоз

Објавено во: Агробизнис 17 Август, 2018 14:30

Добивај вести на Viber

Со цел надминување на проблемите настанати со временото ограничување на извоз на коскесто овошје во Руската Федерација, денеска се одржа состанок во амбасадата на Руската Федерација, на кој што присусуствуваа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и г-дин Константин Берсенев, заменик амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија.

На состанокот беше потенцирана заинтересираноста на двете засегнати страни за изнаоѓање на решение на настанатата ситуација. Претставниците на македонската страна ги истакнаа преземените мерки од страна на надлежните органи во изминатата недела, меѓу кои спаѓаат: контрола на примарните складови и откупните пунктови, како и спроведената засилена фитосанитарна инспекција во регионот на Кавадарци и Неготино, земање на сомнителни примероци, со цел идентификација на распространетоста на штетниот организам на територијата на Република Македонија. Фитосанитарната управа изготвува упатство за преземање на мерки за деконтаминација на магацините  и во насадите од коскесто овошје од страна на производителите и дистрибутерите на коскесто овошје, во случај да се утврди присуство на габата; ова е со цел да се заштитат растенијата и растителните производи од евентуално понатамошно ширење, како и соодветно управување со заразениот материјал.

На состанокот беше презентирано и изготвеното Упатство за управување со штетниот организам Monilinia fructicola, кое ќе биде споделено на фитосанитарните инспектори и земјоделските производители.

Исто така беше договорено дека во текот на септември 2018 година да се одржи состанок на техничко ниво меѓу претставници на надлежните органи од двете земји со цел да се разговора за актуелната состојба но и за другите прашања за кои двете земји имаат потпишано протокол, со цел во иднина да се превенираат вакви состојби.

Временото ограничување за извоз на коскесто овошје во Руската Федерација ќе се укине по изготвување на Извештај за спроведена истрага и преземени фитосанитарни мерки изготвен од Надлежните органи на Република Македонија и негово прифаќање од страна на надлежните органи на Руската Федерација. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?