Тимчо Муцунски: Наставникот кој продавал дрога е од „Александар Македонски“

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023
Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во статус напишан на Фејсбук открива дека наставникот кој бил приведен од полицијата поради продажба на дрога е вработен во основното училиште „Александар Македонски“. Градоначалникот порачува дека општината ќе соработува со МВР во расчистувањето на случајот.
Вчера во тек беше полициска акција за приведување на дилери на дрога на територијата на Скопје, а медиуми откирја дека меѓу приведените е учителка од основно училиште. Полициската акција се однесува на сузбивање на улични дилери на амфетамин. Од полицијата велат дека со повеќе детали ќе излезат подоцна.
„Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“.
Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме се од себе за на децата да им овозможиме училишните денови да ги поминуваат во здрава средина.
Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот.
Наша обврска е како институции да овозможиме квалитетен образовен процес во кој ќе ги надминеме сите пречки и недостатоци. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот“, објави Муцунски.
Неофицијално, имало претрес во кабинетот на наставникот од страна на полицијата. Општината најверојатно ќе ја суспендира учителката од работното место, доколку Обвинителството одреди мерка притвор.
Можеби ќе ве интересира
АХМЕТИ Е ГОРД НА ТИМОТ НА ДУИ ВО ВЛАДАТА, ГРУБИ ОСТАНУВА СО ПОДАДЕНА РАКА КОН ОГНЕНИТЕ - еве што говореа на митингот

ВЕЧЕРВА СМЕ ДРАМАТИЧНО ЗАГАДЕНИ - Скопје е петти најзагаден град во светот, еве кои се пред нас на неславната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

Маричиќ: Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за Бугарите во Уставот
Максим Димитриевски: Јас не плаќам даноци за да седите во кабинети и пеете

„ГИ ОПОМЕНАЛА БРЕ, НЕ МИ СЕ ВЕРУВА“ - Најчевска со жестока реакција откако Грковска се огласи за функционери на ДУИ

Разбојници упаднале во продавница да крадат, но си заминале со празни раце

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого
