19 Април, 2024
0.0270

Tимот на Реплек волонтираше за помош за бездомниците во рамки на глобалната иницијатива ‘Петок за заедницата’

Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Во согласност со својата трајна определба за општествено одговорно делување, тимот на Реплек се приклучи кон глобалната волонтерска иницијатива  - Петок за заедницата (Social Friday).

На третиот по ред годинашен Петок за заедницата, што на глобално ниво се одржува на 30-ти септември, членовите на тимот на Реплек обезбедија помош за лицата кои престојуваат во Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Скопје.

Помошта на волонтерите од редот на вработените и членовите на менаџерскиот тим на Реплек се состоеше од различни активности поврзани со послужување на зготвената храна, расчистување на мензата по завршување на ручекот, разговори со бездомниците во соработка со стручни лица, како и други активности посочени од одговорните лица во Пунктот. Во оваа прилика, претставниците на Реплек ја предадоа и донацијата која се состоеше од облека, чевли, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Дополнително, компанијата ангажираше и лекар-специјалист кој изврши медицински преглед на сите лица кои престојуваат во оваа установа.  

- Тргнувајќи од тоа дека секоја активност е многу поефикасна кога се работи здружено, исклучително ме радува што голем број членови на тимот на Реплек се вклучија и лично учествуваа во обезбедување соодветна поддршка и помош на овие лица. Мотивот за нашето вклучување во оваа глобална општествено корисна иницијатива е јасен и едноставен - да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Затоа, како тим и како компанијата, и понатаму активно ќе учествуваме во реализацијата на други вакви и слични волонтерски активности во рамки наиницијативата Петок за заедницата, изјави претседателот на Управниот одбор на „Реплек АД“, Душан Пецовски.

Основната идеја на глобалната иницијатива Петок за заедницата (Social Friday) е да ги активира тимовите во компаниите, организациите и останатите општествени групи да се организираат и да посветат дел од сопственото време и ресурси на волонтирање за одредена локална општествена кауза. Главната цел на иницијативата, која се одржува четири пати годишно, во последниот петок од секој квартал, е подигнување на јавната свест за обезбедување помош и поддршка за социјално ранливите категории во заедницата. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга