06 Декември, 2025
0.3811

ТИМОВИТЕ ОД СТРУМИЦА И КИСЕЛА ВОДА ПОБЕДНИЦИ НА ТУРНИРОТ „БИДИ ШАМПИОН“

Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2025 14:29

Добивај вести на Viber

Со финалните натпревари одиграни на 28 јуни 2025 година, свечено беше заокружен детскиот спортски турнир „Биди шампион“, кој во изминатиот месец донесе натпреварувачки дух, спортски вредности и многу дружење на деца од целата држава.

Во саботата на 28 јуни на реконструираното игралиште „Драган Крстев“ во Општина Кисела Вода, се реализираше финале на турнирот „Биди шампион“. Уште од раните утрински часови одекнуваа аплаузи, бодрење и емоции.

Победник во мал фудбал стана тимот од Кисела Вода, додека во уличен баскет, најдобри беа младите кошаркари од Моноспитово, Струмица.

Резултати од финалето:

Малфудбал:

 1.Екипа од Кисела Вода

 2. Екипа од Битола

 3. Екипа од Карпош

Уличен баскет:

 1. Екипа од Моноспитово (Струмица)

 2. Екипа од Кисела Вода

 3. Екипа од Гевгелија

Повеќе од 160 деца – учесници, спортисти и другари

Турнирот започна на 31 мај и се одвиваше низ повеќе градови и општини низ Македонија, меѓу кои и четири општини на територијата на Скопје, каде Видеолотарија Касинос Австрија претходно реконструираше мултифункционални игралишта.

Во рамките на турнирот се организираа 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет, за деца на возраст од 10 до 14 години.

Системот на натпреварување вклучуваше локални елиминациски фази – прво меѓу екипи од истата општина, а потоа продолжување на најдобрите со натпревари против други општини. Финалниот ден донесе четири натпревари по спорт: две полуфиналиња, натпревар за трето место и финале.

Професионално судење, вистинска фер-плеј атмосфера

Сите натпревари се одиграа под надзор на лиценцирани арбитри, ангажирани преку Фудбалската и Кошаркарската федерација на Македонија, со строго почитување на официјалните спортски правила

Ова спортско дружење е повеќе од турнир – ова е сериозен влог во здрава иднина.

Турнирот „Биди шампион“ во организација на Видеолотарија Касинос Австрија, има за цел не само да промовира физичка активност, туку и да го поттикне тимскиот дух, пријателството и вредностите кои се градат преку спортот. Веруваме дека со вакви настани ги поддржуваме децата во нивниот правилен развој, ја будиме љубовта кон спортот, и создаваме услови младите таленти да бидат препознаени и охрабрени.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј