Тинекс слави 20 години
Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2014 15:02
Со вкупно 40 маркети, седум Космо дрогерии, повеќе од 1.200 вработени и над 15.000 различни производи, Тинекс прославува 20 години од своето постоење.
„Приказната започна во далечната 1994 година, кога се отворија вратите на првиот Тинекс маркет во населба Карпош 3. Во тоа време отворањето на еден ваков бизнис беше вистински предизвик од една страна, но и огромно задоволство за потрошувачите од друга страна. Иако многумина беа скептични за идејата, тогашниот мал тим од помалку од 10 луѓе напорно, деноноќно работеше на остварување на својот сон, кој денес е вистинска гордост за сите нас“, вели Цветанка Христовска, главен бренд директор во компанијата. Таа додава дека Тинекс прераснал во сериозен ланец на маркети, прв македонски бренд, кој секојдневно ги задоволува потребите на повеќе од 30.000 потрошувачи.
Преку платформата „Тинекс, ти и јас“ оваа компанија во изминатите четири години има донирано над 60 милиони денари во здравството, социјалата, спортот, културата образованието. Христовска најави и голема донација по повод 20-годишнината која ќе ја откријат за 20-тина дена.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




