05 Декември, 2025
0.0472

„Тинекс, ти и јас” со помош вредна 17,5 милиони денари

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2012 15:15

Добивај вести на Viber

Оваа година компанијата Тинекс преку платформата “Тинекс, ти и јас“ , за поддршка на проекти за развој на заедницата донираше вкупно 17,5 милиони денари. Донираните средства оваа компанија ги собра преку продажба на биоразградливи пластични кеси, но и од сопствени финансии.
-Одговорноста на секоја компанија е да работи за развој на заедницата, паралелно со градењето на сопствениот развој“, изјави Кристина Тодоровиќ-Николиќ, генерален извршен директор на Тинекс, на денешната пресконференција. Таа додава дека Тинекс веќе 18 години е и ќе продолжи да биде компанија во чиј фокус секогаш е човекот. За таа цел тие ја формирале платформата ’Тинекс, ти и јас“ за поддршка за проекти од интерес на заедницата.
Платформата на почетокот  на годината започна со донација во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле со донација на два бронхоскопа и една кардиолошка сонда, вредни еден милион денари. Тинекс донираше и во клиниките за гинекологија, детски болести и максилофацијална хирургија.  Околу половина милион денари беа донирани и на Клиниката за детска хирургија.
Големи количства на храна оваа компанија донираше и за семејставата кои беа завеани со снег,за децата од социјално загрозени семејства и парична помош за обнова на домовите од пожарот во скопската населба Карадак маало. Беа доделени и новогодишни пакетчиња, но и илјада пакети храна и средства за хигиена во рамки хуманитарниот настан “Дојди –подари радост“.  Тинекс го спонзорираше и Новогодишниот караван кој посети 11 градови и додели над 1500 пакетчиња. Во рамките на платформата  “Тинекс, ти и јас“ годинава се одржаа и серија хуманирарни семејсни настани, а истите ќе продолжат и во годината што следи.
За подобро функционирање на овој проект, “Тинекс“ формираше Одбор за општествена одговорност, во кој покрај генералниот директор и директорот за малопродажба, членуваат професорот и писател Венко Андоновски, аналитичарот Јован Донев и детскиот хирург Владимир Чадиковски. На нив им беа врачени специјални благодарници за нивниот придонес кон заедницата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници