Тиодоровиќ тврди дека Србија се подготвува за ламбда сојот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Август, 2021
Соседна Србија се подготвува за ламбда сојот на коронавирусот.
Српскиот инфектолог д-р Бранислав Тиодоровиќ изјави дека ситуацијата во Србија станува сè полоша. Тој вели дека ќе имаат смртни случаи, но и помладите луѓе ќе бидат заразени во поголема мера.
„Прашањето е, како да се вакцинираат децата на возраст од 12 години и повеќе, кога просветните работници, кои би требало да работат со нив, не се вакцинирани. Исто така родителите, кои се со нив цел ден. Можам да кажам дека тоа е задача што мора итно да се реши. Вакцинацијата не е прашање на демократија туку цивилизација“, вели Тиoдоровиќ.
Тој вели дека Србите продолжуваат да патуваат во места каде се шири коронавирусот.
Ламбда сојот е откриен во Австрија.
Првиот случај на инфекција со ламбда сојот на коронавирусот е регистриран во Долна Австрија кај турист од Перу. Србија дневно има по 1.600 заразени.Во последните 24 часа, во Србија беа регистрирани уште 1.510 случаи на коронавирус, од 11.521 тестирани, додека 11 луѓе починаа. 938 лица се хоспитализирани, а 30 пациенти се приклучени на респиратор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.