21 Мај, 2025
0.2393

ТИРЗ се сели на друга адреса и набавува мебел за 500.000 евра

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024 11:54

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за технолошко индустриско-развојни зони ќе ги напушти своите канцеларии во центарот на СКопје, кои и се доделени без надомест од Владата, и ќе се преселат во нови во подтрибинскиот простор на „Националната арена“ во Скопје.

Просториите се на акционерското друштво во државна сопственост за стопанисување и управување со станбен и длеовен простор, а месечната кирија ќе биде 20.000 евра.

Истовремено, пишува РСЕ, Дирекцијата за ТИРЗ ќе плати 500.000 евра за нов мебел во овие простории, но и во придружните канцеларии во другите градови.

Се купуваат работна столица за раководител, столици за посетители кај раководител, работни маси, бироа, конференциски маси, клуб маса, фиокари, плакари, комоди, табуретки, зеленило.

 За опремување на четири објекти со кои располага ТИРЗ на различни локации, ќе бидат потрошени околу 29 милиони денари или нешто помалку од пола милион евра.

Административните згради на индустриските зони во Скопје, Штип, Прилеп и Тетово ќе се подноват со нов канцелариски мебел од фирмата СПС Инженеринг од Скопје. 

Според директорот на ТИРЗ,Јован Деспотовски, потребата за опремување на канцелариите е поради тоа што во изминатите две години изградени се три нови функционални објекти во ТИРЗ Прилеп, Струга и Штип. До сега вработените и службите користеле времени објекти - контејнери кои како што вели се сосема вон стандардите за нормално работење.

Можеби ќе ве интересира

АРСОВСКА ПОЧНА СО „ЛАЈВ“ ВИДЕА: „Висар Ганиу, не се криј, дечко“

АРСОВСКА ПОЧНА СО „ЛАЈВ“ ВИДЕА: „Висар Ганиу, не се криј, дечко“

„Обвинетите се договорале и кородинирале со цел да си остварат користољубие“: обвинителство за судењето во случајот со убиството на Вања и Панче

„Обвинетите се договорале и кородинирале со цел да си остварат користољубие“: обвинителство за судењето во случајот со убиството на Вања и Панче

ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ПРЕДЛОЖЕНИ КАНДИДАТИ: Силјановска не го открива името на идниот гувернер

ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ПРЕДЛОЖЕНИ КАНДИДАТИ: Силјановска не го открива името на идниот гувернер

И УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Еве каде ќе има невреме

И УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Еве каде ќе има невреме

ОСМАНИ СЕРИОЗНО ЗАГРИЖЕН: „Раскол во срцето на мултиетничката, европска Македонија“

ОСМАНИ СЕРИОЗНО ЗАГРИЖЕН: „Раскол во срцето на мултиетничката, европска Македонија“

ВЕЌЕ НЕ Е МИНИСТЕР, ПА МОЖЕ ДА ШЕТА: Таравари замина кај Рама

ВЕЌЕ НЕ Е МИНИСТЕР, ПА МОЖЕ ДА ШЕТА: Таравари замина кај Рама

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

ЦАРИНИЦИТЕ СО „БОГАТА“ ЗАПЛЕНА: откриени евра, цигари, детски играчки, уметнички слики

ЦАРИНИЦИТЕ СО „БОГАТА“ ЗАПЛЕНА: откриени евра, цигари, детски играчки, уметнички слики

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје