„Титаник 1“ и „Талир“ пред застарување, судијата Осман Шабани оди во Апелација

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2023
Двата случаи кои ги отвори поранешно СЈО за противзаконско финансирање на ВМДО-ДПМНЕ се пред застарување, откако судијата кој ги води предметите Осман Шабани, иако беше на 13-то место на листата за оценување, успеа да ја добие поддршката од Судскиот совет за да оди во Апелациониот суд.
Со унапредувањето на Шабани се подразбира дека двата случаи ќе треба да се судат повторно, а со тоа се зголемуваат шасните за апсолутна застареност на делата. Советот ужива законска надлежност да го задолжи Шабани во наредните три месеци да продолжи во Кривичниот суд и да ги затвори предметните предмети, но неофицијално се дознава дека нема подготвеност за такво нешто во органот за контрола и регулирање на работата на судовите, дознава „Алсат“.
Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО. Според обвинението како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.
„Талир“, го опфаќа делот што се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, но со голем број на одложени рочишта. Експремиерот и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е првообвинет, но нему му се суди во отсуство бидејќи избега и доби азил во Будимпешта. Покрај него, обвинети се и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески. Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и за перење пари. На обвинителна клупа се и Илија Димовски и Леко Ристовски само за делото перење пари, а како правно лице осомничена е и партијата. Според обвинението, обвинетите презеле низа активности за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, со што оствариле финансиска предност за партијата од околу 4.6 милиони евра во однос на другите партии.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СÉ МОРА ДА Е ПРЕЦИЗНО И ТОЧНО, ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ВЕШТАЦИТЕ“: Експертот по судска медицина Алексеј Дума за Фактор

СПАСОВСКИ ДО МИЦКОСКИ: Изјавата беше дека јас нема да имам мир додека е тој жив, му посакувам долг живот

„Вратете ја надежта на Скопјани, за да може лампионите да го „греат" градот“: Емотивно обраќање на доктор Беќаровски

ЕВЕ ШТО, НАВОДНО, КАЖАЛ ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ПРЕД ЗАТВОРЕНИЦИТЕ - го прашале „Како сте можеле да убиете дете“?

УКИНУВАЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ПО ИЗБОРИ: Еве што е направено за реорганизција на клиничкиот центар „Мајка Тереза“
„КАКО ДА НЕ ГО ЗНАМ ЧОВЕКОТ КОЈ КАТАСТРОФАЛНО МЕ ПОРАЗИ НА СЛАВНИОТ 15 СЕПТЕМВРИ“ - за Палевски се огласи и Љубчо Георгиевски
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Спасовски повеќе не дава информации за Вања и Панче, упатува новинари до Обвинителството
