ТИВКИОТ ГЛАС НА РАЗОЧАРАНИТЕ: Сега излегоа дури 264 илјади граѓани помалку, двете македонски партии изгубија по над 100.000 гласови
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020
Зошто на гласање не излегоа 264 илјади граѓани, е прашањето што ќе мора да си го постават политичарите, особено лидерите на двете најголеми политички партии од македонскиот партиски блок.
Дека излегле на гласање дури 264 илјади граѓани помалку говори фактот што според официјалните резултати што во 2016 година ги соопшти Државната изборна комисија, тогаш гласале вкупно 1,19 милиони граѓани или прецизно 1.191.852 граѓани го оствариле своето право на глас.
Додекса, пак, на овие избори на гласање решиле да отидат 927.640 граѓани.
Сепак, кон овие резултати мора да се има резерва, со оглед на фактот што тие се уште не се потврдени од Државната изборна комисија.
Ако се направи споредба на излезените гласачи на парламентарните избори кои се одржаа во декември 2016 година, тогаш излегува дека сега решиле да гласаат помалку дури 264.212 граѓани со право на глас.
Каде беа тие луѓе. Зошто не отидоа на избирачките места да го заокружат ливчето за некоја од политичките партии. Дали се излезени од земјава и не живеат веќе тука, или, пак, решија да останат дома и да ги казнат оние на кои на претходните избори им ја дадоа својата доверба, но потоа нивните очекувања беа изневерени.
По колку гласови изгубија двете најголеми политички партии.
Ако во 2016 година коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 454 577 гласа, со што обезбедија 51 пратеничко место во Собранието, на овие избори за нив гласале 312.745 граѓани.
Или, на овие избори гласале помалку за 141.832 граѓани. Толку се практично гласови откинати од гласачкото конто на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека, пак, за коалицијата на СДСМ на претходното изборно соочување својот глас го дадоа 436.981 граѓанин, освојувајќи 49 пратенички места.
Сега СДСМ и коалицијата Можеме освоија 324.084 гласови, или помалку за 112.897 гласачи за оваа политичка партија.
Или 254.729 имале помалку гласови двете партии, наспроти 264.212 или десет илјади помалку од оние што вкупно апстинирале.
Тука треба дека сега кај коалицијата Можеме се и гласовите на БЕСА, кои не се мерат сега поединечно, туку влегуваат на контото на владејачката партија.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.