ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2024
Новинарот Фуркан Салиу сподели потресна информација за неговите колеги.
Како што рече тој, тие го зеле неговото возило за да патуваат кон Тетово. По првата патарина се случила вистинска драма...
„Во 18:20 моите колеги се упатуваат кон Тетово со моето возило.
На неколку километри после првата патарина, на темно место, без никаква сигнализација удираат во камион кој што пробал да закочи да не удри во застанат камион на Македонија Пат.
Камионот на Македонија Пат предходно се судрил со друго возило. Тоа се случило во 16:00 часот.
Била повикана полиција. Полицијата доаѓа после 21:00, откако се случува втората сообраќајка. Во меѓувреме на местото на настанот нема ниту соодветна сигнализира, на кривина во дел каде што нема ниту осветлување.
Тоа што вечерва нема жртви е чиста среќа.
Доаѓа возило на брзата помош, ги носи моите колеги во Воена болница и ги остава таму.
Ги замолуваат да се упатат во градска затоа што докторот е на операција.“, напиша тој.