Добивај вести на Viber
Во три мостри од петте пратки од увезената српска пченица пред еден месец, е утврдено зголемено присуство на тешки метали, дознава
Фактор. Засега не е познато за колкаво количество на затруена пченица се работи, што ќе се случи со спорните количества, дали некои количини завршиле во промет ниту пак што ќе биде со останатите количини на пченица во магазините на увозниците. Спорната пченица беше увезена во земјава пред еден месец и тогаш од АХВ беше кажано дека се испратени мостри од сите пет пратки на супер анализа, но досега во јавноста сеуште не излезе официјално известување за резултатите од дополнителните испитувања.
- Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, во рамки на своите редовни активности, при контрола на храната од увоз на граничните премини, утврди зголемена концентрација на тешки метали над дозволените граници пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната. Согласно законските процедури, целокупната количина на сомнителната пченица се наоѓа под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство на местото на истовар, и за истите е издадено соодветно Решение за забрана за пуштање во промет. Бидејќи од страна на увозниците е побарано допонително лабораториско испитување (суперанализа), согласно утврдената процедура испратени се мострите од сите пет пратки, изјавија пред еден месец од АХВ.
Се работи за пет пратки на печница увезена од Србија со вкупна тежина од 330.220 килограми, набавена од два различни добавувача а наменета за три големи македонски мелнички капацитети. Од АХВ уште тогаш соопштија дека спорните количества се наоѓаат во карантин и дека ќе се чекаат резултатите од супер- анализите. Тврдеа дека ниту грам од количествата не завршиле во промет односно во производство на брашно и леб, бидејќи првичните анализи биле направени уште на граничниот премин кога пристигнале шлеперите. Од АХВ уште тогаш предупредија дека по добивањето на резулатите ќе постапат согласно законските прописи.
Македонските мелничари уште кога излезе информацијата дека во увезената српска пченива првичните контроли покажале зголемено присуство на тешки метали, побараа да се испита и српското брашно. Според нив доколку тешките метали се присутни во пченицата тогаш затруено е и увезеното брашно од Србија. Но, досега во јавноста немаше информација дали ваквите контроли се направија.Оттука се поставува и прашањето, знаеме ли какво увозно брашно јадеме.
-Апелираме истите контроли да се направат и на српското брашно, бидејќи ако пченицата е затруена, логично е зголемена концентрација на тешки метали да има и во српското брашно што го увезуваме. Исто така бараме да продолжат контролите и да се контролира се што влегува, навреме да бидеме известени за евентуални позитивни резулатите за присуство на тешки метали во пченицата и брашното, да не се прават манипулации- изјави пред речеиси еден месец
Николчо Ѓорѓиев, претседател на мелничко-пекарската групација во Стопанската комора на Македонија.
Според Правилникот за општите барања за безбедност на храната, анализите за тешки метали што се прават при увоз на брашно, не се прават на секоја пратка, тоа зависело од обемот на увезените количини. Но, според Правилникот задолжителни се контролите за квалитет на сите увозни пратки. Овие услови биле во согласност со одредбите на Светската трговска оргазинација, односно секоја земја извозник е должна да има сертификат за безбедност за секоја пратка со резулатите направени во референтна лабораторија во земјата која извезува.
Ова не е прв пат во земјава да влезе пченица со тешки метали. Лани над 20 тони пченица со олово заврши како добиточна храна, откако компанијата увозник од Битола, без да ги дочека резултатите од анализите ја пуштила пченицата во промет, за што компанијата заработи 5.000 евра казна. Тогаш пченицата беше со потекло од Украина.
Пченица со олово, млеко со афлатоксин-Србија го возврати ударот
За краток период дел од српските производи во земјава со соочија со лоша репутација. Кон крајот на минатата година во земјава гоа 40 тони увозно српско пченкарно брашно во кое беше утврдено зголемено присуството на афлатоксинот. Од нив само 10 тони беа пуштени во промет,од кои 8 тони се повлекоа, но околу 2 тона канцерогено пченкарно брашно веќе заврши на трпезите. Дел од ова брашно се продавало и на полиците во поголемите маркети низ Македонија.
Пред два месеци на еден од граничните премини беше стопирана нова пратка од околу 40 тони српско пченкарно брашно со присуство на канцерогената материја афлатоксин. Спорните пратки беа уништени. Потоа следеше спорното српско млеко со зголемено присуство на афлатоксинот М1, поради што дел од количествата со токсинот беа уништени, а падна и продажбата на српските млека во македонските маркети. Тогаш Македонија јасно и порача на Србија, дека нема да дозволи увоз на срспки млека и млечни производи, се додека земјата не ги врати европските стандарди за дозволено присутсво на токсинот во млекото. Но Србија сеуште не го има вратено дозволеното ниво на афлатоксин во млекото на 0,05 микрограми, поради што најверојатно српските млека нема да може да се увезат во земјава. Но освен во Македонија Србија нема да може да извезува млеко и во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Пред еден месец македонските надлежни институции реагираа за пратката со пченица, во кој според првичната анализа се покажа дека има зголемено присуство на тешки метали. Овие случувања делумно влијаеа врз намалување на извозот на Србија, не само во Македонија туку и во другите земји од регионот. Очекувано беше и Србија некако да и врати на Македонија. Па кон крајот на минатиот месец, српската Стопанска комора излезе со обвинување упатено кон Македонија, дека во текот на минатата година во Србија од Македонија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини на сомнително месо од Бразил, каде што живината се храни со соја која што е генетски модифицирана
. Тогаш претставникот на српската Стопанска комора, Мирослав Благојевиќ, за српските медиуми изјавил дека во Македонија месото се увезува од Бразил, каде што пак живината се храни со соја која што е генетски модифицирана,а потоа Србија увеувала македонско пилешко месо и сувомеснати преработки.
А, српските производители, поради скапиот процес на производство, не се конкурентни, па како последица на тоа, Србија увезува се поголеми количини на пилешко месо и преработени производи. Ваквите тврдења на српските трговци според македонските агробизнисмени се некоректен начин за заштитата на домашното производство и очекуван однос на Србија во вакви моменти. Упатените во бизнисот дури велат дека Србија на овој начин се обидува да и објави трговска војна на Македонија, поради односот на македонските надлежните институции во периодот кога беше аферата со афлатоксинот и последно со пченицата, и дека тое е честа пракса на Србија, особено кога се чувствува загрозена од увозните проеиводи. Од друга страна македонските агро бизнисмени велат дека изминатиот период извозот на македонските сувомеснати преработки меѓу кои и тие од пилешко месо, на српскиот пазар драстично пораснал.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.