Тодоров: ДИК има ли свест, невини луѓе ќе одат во затвор
Објавено во: Македонија
16 Декември, 2016 17:15
Добивај вести на Viber
Министерот за здравство Никола Тодоров не знае дали луѓето што протестираат пред седиштето на ДИК се членови на ВМРО-ДПМНЕ, но знае дека се граѓани кои изразуваат незадоволство од работата на ДИК.
Ова е одговорот од Тодоров на новинарско прашање на денешната прес конференција околу протестите пред ДИК.
„ДИК треба да работи по закон не е важно дали надвор некој протестира или не“, рече тој.
На забелешката дека високи претставници на партијата синоќа држеле говор на протестите, тој додаде дека секој има право да одржи говор, но не одговори конкретно на прашањето за говорот на омраза на вчерашниот протест и дали неговата партија ќе го осуди.
„ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш го осудувало и ќе го осудува говорот на омраза и нема да го одобриме. За нас е најважно целиот процес ада биде законски и да не се дозволи заради изборен инженеринг невини луѓе да одат во затвор“, рече Тодоров.
Тој дури им порача на новинарите дека тие како новинари треба да го истражат тоа и праша кој ја донесе Фатиме во Скопје со ново Ауди.
- Со одлуката да се врши графолошко вештачење, ДИК изрази сомнеж дека членовите на избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанката се појавила по втор пат на гласање. Јавноста вчера виде дека присутните членови на избирачкиот одбор и по идентификација, и по лична карта и по проверка со УВ ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот. Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради нарушување на изборниот процес ги праќа во затвор Берат Усеини, Катерина Миноска, Емсија Абас, Богица Василеска, Тања Ѓурчиноска, Златко Ѓорѓески и Ајсел Мемеди, кои што се членови на избирачкиот одбор, заменици членови и набљудувачи.
„Дали сте свесни, дали имате совест, свестете се“, им порача Тодоров на членовите на ДИК.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки