05 Декември, 2025
0.0399

Тодоров е уверен дека листеријата е во „Екстра Меин“

Објавено во: Агробизнис 19 Август, 2014 19:37

Добивај вести на Viber

За министерот за здравство Никола Тодоров нема сомнение дека сецканиот свински врат на „Екстра Меин“ е производот од кој десет лица во Македонија се заразија со листерија, а пет од нив починаа. Последните анализи покажале дека во овој производ има 90 пати поголемо присуство на опасната бактерија од дозволените количества. Со извршената дополнителна генотипизација утврдено е  дека генотипот на листерија и кај отворениот и кај затворениот вакумиран примерок, одговара на генотипот на листерија кај заболените и починатите лица. „Лабораториските анализи утврдиле листерија и во замрзнато свинско и пилешко месо од Бразил и Канада, со кое команијата ги приготвувала своите производи. За да нема сомнеж во резултатите, истите мостри се испратени на анализа и во две други акредитирани лаборатории, а ќе се испитуваат и останатите производи на Екстра меин“, најави министерот за здравство. Фабриката останува затворена, а од денеска до крајот на неделата инспекторите ќе земаат примероци од сите производи на „Екстра Меин“ кои се наоѓаат во прдажба. Од компанијата денеска истакнаа дека методот кој се користи за генотипизацијата на листеријата во земјава не е акредитиран. Тодорв го признава ова, но уверува дека дека резултатите се релевантни и конечни. Тој притоа нагласува дека во вакумиран производ бактеријата може да биде пристутна единствено доколку тој е контаминиран во текот на производството или при пакувањето. Доколку излезе без листрија, нема можност тоа да се случи подоцна заради начинот на дистрибуција и на продажба. Како посебна мерка, со цел заштита на здравјето на ранливите групи, Центрите за јавно здравје се задолжени да земат мостри од храна и брисеви од работни површини од болнички установи, детски градинки и домови за стари лица. За таа цел, веќе е дадена наредба за темелно механичко чистење и дезинфекција на работните кујни во болничките установи, детските градинки и домовите за стари лица.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?