16 Јануари, 2025
0.0306

Тодоров дисциплинира и лекари и пациенти – преглед се закажува по Интернет

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

85 проценти од матичните лекари работат со електронското закажување прегледи во рамки на системот„Мој термин“, а во овој тест период расте бројот на специјалисти кои закажуваат на овој начин, истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој додаде и дека досега биле направени над 50 илјади електронски упати.

Ова, рече Тодоров е најсложен елетронски систем креиран во здравството во Македонија, а го нема во ниту една земја во регионот.Тој додаде дека системот е веќе прифатен од лекарите и од пациентите кои постепено се навикнуваат на новиот начин на функционирање во здравството. Електронскиот систем „Мој термин“ се воведува етапно и досега се вклучени само специјалистички упати, рече Тодоров и додаде дека потоа ќе се надградува со останатите упати.

„Сите здравствени установи на секундарно и терцијарно ниво кои се вклучени во системот се информирани дека во преодниот период на прилагодување кон новиот начин на закажување и упатување треба да се организира работата во установата, да се овозможи целосно почитување на закажаните термини, но и да се овозможи секој кој ќе дојде без ваков упат да биде прегледан за да не се создава револт, дополнително чекање или отпор кон целиот систем.Поентата ни е во овој период да нема вратени пациенти, но и во периодот по отпочнување со примена на овој систем“, рече Тодоров.

Во меѓувреме, како што истакна, се изврши обука на над 2.000 доктори за користење на овој систем кој е многу едноставен за користење. Тодоров исто така посочи дека ќе се санкционира неодговорното однесување, а за секое најавено оправдано отсуството на лекарот, тој има обврска да го извести пациентот најмалку три часа пред неговиот термин.

„За пациентите кои се меѓу првите закажани ќе треба да се обезбеди замена, или ако пациентот дошол на закажаниот преглед, а ако не бил известен дека има промена на терминот, здравствената установа ќе биде должна да му го надомести трошокот за пат што го направил. Ако пациентот не дојде го губи закажаниот термин и може да се прегледа во почетниот период на имплементација како последен. Доколку го пропушти денот на прегледот комплетно е анулиран терминот и мора да оди повторно на матичен лекар за да му закаже нов термин“,истакна  Тодоров.

Новиот тест систем за електронско закажување беше воведен минатиот месец.

Можеби ќе ве интересира

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија