02 Мај, 2024
0.0323

Тодоров попушти, ги здогледа лекарите! А и неколкумина од нив го виделе Министерот

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Од идната седмица ќе почнат преговори меѓу Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија со министерот за здравство, соопшти претседателот на Синдикатот, Љубиша Каранфиловски, кој денеска се сретнал со министерот Никола Тодоров.

Каранфиловски се надева на заеднички прифатливо решение, а ако не биде постигнат договор, најави други мерки на притисок.

„Освен предлогот по основ на проектот плаќање по учинок односно неговото допрецизирање, исто така на преговорите ќе стане збор и за корекцијата на коефициентите за лекарите. После онаа бруто трансформација се соочивме со еден одреден проблем по основ на соодносот меѓу лекарите и медицинските сестри со средно образование. Сега по основ на тие предлог измени и дополнувања на Колективниот договор кои веќе ги имаме доставено до Министерството, сме на пат да го надминеме тој проблем“, рече Каранфиловски кој истакна дека овој синдикат е единствен репрезентативен гранков синдикат во Македонија.

Тој повтори дека основната плата за здравствените работници треба да е загарантирана во системот на континурирана здравствена заштита, а проектот треба  да биде во насока на наградување или проект по успешност. „На преговарачка маса како предлог ќе биде таа квартална пресметка која значи пресек на три месеци. Значи овој месец можеби да имате намалување, другиот зголемување, а третиот месец имате 100 отсто. Зборуваме хипотетички. Значи кварталната пресметка значи после трите месеци се прави пресекот и ако дојдеме до таков пресек ќе видиме дека за многумина од лекарите состојбата ќе биде 100 отсто во делот на самата исплата. Тоа е наш предлог, останува да слушнете околу тоа колку ќе биде прифатлив за нив по основ на преговорите“, истакна  Каранфиловски. Посочи дека Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија на регионалниот состанок на синдикатите за здравство од Југоисточна Европа е избран за прв претседавач на координативното тело на тие синдикати. Исто така појасни дека во овој момент единствен потписник на Посебниот или т.н. Гранков колективен договор е Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, а над него има како поединечни колективни договори или колективни договори на ниво на работодавач.

„Во Македонија во моментот опстојуваат три такви колективни договори - на ниво на работодавач на Клиничкиот синдикат и два поединечни во рамки на нашиот Синдикат, членовите, колективниот договор на ниво на работодавач на Универзитетската Клиника за хирушки болести „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“, рече Каранфиловски и додаде дека Самостојниот синдикат за здравство има 14.000 членови и е еден од најголемите во Сојузот на синдикатите на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање