20 Декември, 2025
0.0380

Тодоров: Преку СМС пораки до сериозно подигнување на квалитетот на здравствените услуги

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2013 22:03

Добивај вести на Viber

Матичниот лекар ќе треба да го има мобилниот телефон на пациентот, а СМС пораките ќе станат задолжителен потсетник за закажаните прегледи со „Мој термин“. Првите пораки веќе се испратени, информираше ресорниот министер Никола Тодоров, иако официјално проектот стартува на средината на декември. Со СМС ќе се известуваат пациентите за датумот и часот на закажаниот термин за преглед во јавните установи, а дневно ќе бидат испраќани над 5.000 пораки како потсетување. Тодоров истакна дека со проектот предвидуваат граѓаните кои сметаат дека нема да стигнат на закажаниот термин или сакаат да го откажат,тоа да го направат кај нивниот матичен лекар или пак да пратат СМС порака на бројот 144 194 во која ќе стои бројот на нивниот упат. „Констатиравме дека има определен број пациенти кои не доаѓаат на закажаните термини. Ова претставува сериозен проблем во системот бидејќи тој е така поставен во тој ден треба да одговори на тој број пациенти, а пациентот не доаѓа на закажниот термин. Значи докторот е таму, времето е резервирано, пациентот не дошол, а за таа сметка некој друг пациент чека еден или повеќе денови за да добие конкретен термин“, рече Тодоров. Тој соопшти дека детални упатства за откажување на терминот ќе бидат наведени на секој упатен образец, а се правеле и информативни брошури за сите пациенти и здравствени работници. „Имаме можност со оваа алатка да им испраќаме СМС порака на сите лекари колку прегледи ќе имаат наредниот ден, со кои упатни дијагнози за да знаат каква работа и колку работа ги чека тој ден. Ова нема само информативен карактер, туку и карактер на сериозно подигнување на квалитетот на здравствената услуга бидејќи лекарот ќе знае со какви пациенти наредниот ден ќе работи, можеби треба да се подготви, да прочита, да се консултира, да размени мислење со некој негов колега и со еден збор да биде целосно подготвен за она што го чека како работа наредниот ден“, истакна Тодоров.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии