20 Декември, 2025
0.3087

Тодоров тврди дека ДИК за БЕСА донела одлука незаконски

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2016 16:30

Добивај вести на Viber

Шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ2,Никола Тодоров, денеска на прес-конференција ја образложи тужбата што партијата ја поднесе до Управниот суд за приговорот на БЕСА.

Вели дека имаат докази кои покажуваат дека одлуката на Државната изборна комисија (ДИК), која го прифати приговорот, е незаконска и е „невиден преседан“.

Тодоров кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ја поднела тужбата поради „повреди од формално-правен аспект на одредбите од Изборниот законик и подзаконските акти, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право“.

Според него, одлуката на ДИК е незаконска затоа што приговорот до ДИК бил поднесен без потпис од овластениот претставник на подносителот на приговоро. Одлуката на ДИК, според ВМРО-ДПМНЕ, е донесена по истекот на рокот од 48 часа утврден со членот 148, став 3 од Изборниот законик.

„Од цитираната одредба, неспорно може да се утврди дека овој рок е преклузивен, што значи дека ДИК не може да постапува и да одлучува по истекот на овој рок. Искрено се надевам и верувам дека судиите на Управниот суд ќе одлучат да ја коригираат оваа незаконска одлука на ДИК и нема да дозволат седум невини луѓе да завршат во затвор заради незаконска одлука на ДИК“- рече Тодоров.

За ВМРО-ДПМНЕ е спорно и графолошкото вештачење на потписот на Сулејмани, бидејќи било направено без издадена наредба за вештачење.

На прес-конференцијата на Тодоров реагираше СДСМ. Тие велат дека „обидот на Никола Груевски преку прес-конференцијата на Никола Тодоров да изврши притисок врз Управниот суд е доказ во каква паника е Груевски од промените што следуваат“.

Тие додаваат дека времето за политичари како Груевски завршило. ВМРО-ДПМНЕ веќе е опозиција, мнозинството граѓани избраа промени, наведуваат од СДСМ. Институциите, вклучувајќи го и Управниот суд, се должни да работат единствено во интерес на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението на СДСМ. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки