29 Септември, 2024
0.0257

Токио и Шангај дадоа поттик на азиските берзи

Објавено во: Економија 19 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Акциите во Шангај и Токио беа најдобро претставени во Азија во вторникот, добивајќи поддршка од новите рекорди на „Dow Jones“ и „S & P“ 500 во САД.

Сепак ризиците од грчки банкрот продолжија да тежат на пазарот, откако Атина во понеделникот изјави дека има потреба од договор за долгот до крајот на месецот или ќе западне во неликвидност.

download (7)

Во Кина „Shanghai Composite“ се оттргнаа од еднонеделното дно во понеделникот, додавајќи 3,2% благодарение на веста дека Пекинг планира постепено да ја олабави контролата врз каматите на депозитите и пазарот на капитал.

Финансиските куќи добија поттик како „Huatai Securities“ и „Haitong Securities“ додадоа односно 10% и 6,6%. Во Катастар сектор „Poly Real Estate“ и „China Vanke“ исто така затворија зелено со растови од 3,1% и 2%.

Во Хонг Конг акциите го следеа позитивниот тренд во континентална Кина. Меѓу најголемите профитабилни беше Greentown China Holdings, која се зголеми за речиси 7% по веста дека China Communications Construction Group се согласилa да го подигне својот удел во компанијата, претворајќи се во најголемиот акционер.

Јапонскиот индекс Nikkei 225 префрли 20 илјади поени, но растот остана ограничен поради претстојните податоци за БДП во првиот квартал и очекуваната седница на централната банка.

Меѓу најпрофитабилните беа брокерските куќи и авиокомпаниите. Nomura Holdings додаде 2,1%, додека Japan Airlines напредуваше за 1,4%.

Цената на акцијата на Stanley Electric се искачи речиси 3%, откако инвеститорите ја поздравија одлуката на групата за откуп на акции.

Во Австралија S & P ASX 200 остана на црвено на позадината на засилените распродажби.

Секторот на приносите беше под притисок и покрај стабилните цени на златото и нафтата во азиската трговија. Woodside Petroleum и Santos избришаа соодветно 0,6% и 1,3%, додека Newcrest Mining и Evolution Mining  се намалија за 1 отсто.

По релативно придушената трговија во раните утрински часови јужнокорејскиот индекс KOSPI се зголеми за 1,7% поради доброто претставување на Samsung Electronics. Акциите на гигантот добија поттик откако Федералниот апелационен суд ја потврди патентната победа на Apple против јужнокорејската компанија, но се намали износот што треба да биде платен како надоместок.

Други компании сепак останаа под притисок. Производителот на козметика AmorePacific и операторот на стоковни куќи Shinsegae опаднаа односно со 1,6% и 2,1%.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија