29 Јуни, 2024
0.0284

„ТОКСИЧНА“ РАБОТНА СРЕДИНА: Ова е причината поради која работниците често менуваат фирми

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Многу македонски работници се жалат на „токсична“ работна средина и тоа е причината поради која даваат откази и често менуваат работа.

Но, проблемот е што и на следното работно место можат да наидат на лоша работна атмосфера која ја „убива“ нивната продуктивност. Работниците се соочуваат со неколегијалност, чести конфликти, опструкции.

„Тој проблем го има секаде во нашиве фирми. Мене ми се случи по 28 години работен стаж, да бидам кодошена од колега, за нешто што не сум го направила, но јас не дадов отказ, а потоа се расчисти што и како било, вистината излезе на виделина. Сепак, кога на човек му е чиста совеста не треба од ништо да се плаши. Осум часа да работите во „токсична“ работна средина е тешко, тоа ја црпе вашата енергија и може да има последици по здравјето“, вели наша соговорничка.

Кариерниот советник Наташа Ивановска вели дека менаџерскиот тим е тој што треба да се справува со ваквите ситуации и да создаде пријатна работна атмосфера.

„Релациите во работната средина се клучен фактор за мотивација и задржување на вработените. Отворената комуникација, градењето доверба и соработка се само дел од креирањето работна клима во која секој ќе се чувствува ценет и поддржан. За жал, во голем дел компании владеат токму спротивни услови. Високото ниво на конфликти, отворени и прикриени, се дел од тн. „токсична средина“. нТука клучна улога има менаџментот и лицата кои раководат со тимовите. Тие најмногу влијаат на културата и вредностите во тимот, тоа што се поддржува или се адресира. Потребни се лидерски вештини за да се креира и одржува продуктивна работна средина, постојан развој особено на менаџерско ниво“, додава Ивановска.

Психологот Јаворка Постоловска објаснува дека лошата економска ситуација во државата создава фрустрации кај работниците.  Додава дека личните и семејните проблеми исто така се таложат и придонесуваат за лош однос со другите луѓе.

„Проблемите од дома луѓето ги носат на работа и обратно. Дури во компаниите имаме несоодветна разместеност на кадри, неквалитетните ги земаат позициите на квалитетните и тоа создава проблеми. Секако дека расположението во работната средина влијае на продуктивноста на работниците“, рече Постоловска.

Рубинчо Аризанкоски, програмски координатор и администратор во здружението Достоинствен работник Прилеп вели дека за многумина терминот „токсична работна атмосфера“ е непознат, но за дел од работниците е многу добро позната горчлива тема. Воедно, токсичноста на работата во голем дел ја креираат и колегите на работното место. Објаснува дека тоа се луѓе кои штом ќе им свртите грб, се спремни да ви нанесат штета. 

Да напоменеме дека тие се групираат, обожаваат озборување, да шират невистини или едноставно сакаат сеир затоа што тоа им е еден вид „храна“ за душата. Но, не секогаш улога играат и шефовите, иако тие се истакнуваат на преден план каде за нив се мисли се најлошо, но улогата се менува. Токсичните колеги уживаат кога ве гледаат во неволја, кога се мачите за некое зададено задолжение или пак да не можете да стигнете во предвидениот рок. Не се радуваат на вашите успеси, напротив, завидуваат, а им аплаудираат на вашите неуспеси со желби да ви се множат и да имате проблеми со претпоставените. Истите тие, можеме да ги класифицираме како „емоционални вампири“. Ретко се одликуваат со емпатичност, ретко излегуваат во пресрет. Исто така може да ви се „лоши“ од помислата дека треба да ги видите во новиот работен ден, да им посакате добро утро и да ги поминете следните 8 часа затворени со нив. Шефовите, раководителите, менаџерите се друга приказна. Тие се практично слепи и глуви за она што се случува пред нив, со нивниот тим за работа. Наместо да помогнат да се воспостави подобра работна атмосфера, тие уште толку ја доуништуваат, правејќи ја уште „потоксична“ работната средини. Од работниците очекуваат да им се восхитуваат, да им се лигават, да им кажуваат работи, да ги „кодошат“ другите колеги. Да, платата е битна. Сите работиме за плата, не за бонбони. И, секако дека тие луѓе или не умеат доволно добро да премерат на кантар што е побитно или пак немаат никаков проблем на работното место“, вели Аризанкоски.

Додава дека работното време побрзо поминува со колегите кои ги сакаме и почитуваме.  Според него, не значи дека мора да станете најдобри пријатели со колегите, туку едноставно да бидете пријатели на работа и понекогаш надвор од неа, за да се создаде пријатна работна атмосфера.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори