01 Ноември, 2024
0.0290

Јадран експрес: Се укинува возот Белград – Сплит

Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Хрватска нема интерес туристите кои патуваат од Белград, со воз да стигнат до Сплит. Хрватите бараат висок надомест па „Железнице Србије“ нема да ја пушти линијата до Сплит, пишува „Новости“. „Хрватске железнице" немаат интерес српските туристи да одат со воз до брегот на Хрватска, па по осум години возот „Јадран Експрес“ повеќе нема да сообраќа на релација Белград - Сплит. Поради нерентабилност, „Хрватске железнице" пред шест месеци укинаа 46 возови во меѓународниот сообраќај, но на соседните земји им се дава можност да ги задржат лините - но со одреден надомест. Меѓутоа, поради високи тарифи кои ги воведе Хрватска за користење на железничката инфраструктура, „Железнице Србије“ беа принудени на намалување на бројот на возови кои одат преку Хрватска. Прво, беа укинати директните возови до Сараево и Загреб, а потоа пет воза за Цирих беа намалени на само еден.  Српската железници пак сеуште не бара надомест од други држави за користење на железничката инфраструктура. „Надоместоците кои ги наплаќаат се толку високи што ние се откажавме од идејата дека оваа година ќе го пуштиме во сообраќај возот „Јадран Експрес" - велат од „„Железнице Србије“". „Тоа е лошо, но едноставно тој воз ќе биде непрофитабилен. Да речеме , само за возот за Сараево, железничката администрација во Србија, и РС и БиХ на годишно ниво треба да издвои околу 677.000 евра за користење на 87 километри од хрватската железница. Ниту ние, но другите,  немавме економски интерес оваа линија зачува. " „Железнице Србије“ велат дека "Јадран Експрес", беше многу популарен. Сообраќаше еднаш неделно, во петок, а се враќаше во саботата. Возот беше секогаш полн и секогаш имаше барања за дополнителни билети, посочуваат од српската железница.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот