18 Декември, 2025
0.6366

Томовски: 104 возила на Владата ќе бидат продадени по изборите

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2025 10:35

Добивај вести на Viber

Директорот на Службата за општи и заеднички работи,Ивица Томовски, синоќа во „Тема на денот“ на Сител информираше дека по локалните избори на јавен оглас ќе бидат продадени 104 возила на Владата.

„Од вкупната бројка од околу 7.500 службени возила, која се спомнува во јавноста, значителен дел се веќе вон употреба и ќе бидат расходувани. Би ги повикал институциите да пристапат кон рационализација на возилата, да ја сведеме на минимум употребата на службените возила, онолку колку што им е потребно на институциите за непречено функционирање. Службата за општи и заеднички работи, односно како Влада, први го направивме тој чекор. Од вкупно 220 возила со кои располагаме, 104 ќе бидат расходувани и продадени веднаш по завршувањето на изборите“, изјави Томовски.
Тој посочи дека почетната проценета вредност на овие возила, според Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, изнесува околу 1.600.000 денари. Средствата од продажбата ќе се слеат во државниот буџет, по што ќе се одлучува за нивната натамошна намена.

„Рационализацијата е неопходна. Употребата на службени возила треба да се сведе на минимум, онолку колку што е неопходно за непречено функционирање на институциите. Според нашите проценки, државата реално не треба да располага со повеќе од 2.000 активни возила“, додаде Томовски.

Потсети дека граѓаните и понатаму можат да пријавуваат сомнежи за злоупотреба на службени возила, а институциите се должни да постапуваат согласно важечката законска рамка. Во борбата против злоупотреби, СОЗР има редовна и транспарентна соработка и со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), од која добива насоки за постапување и доставува информации за состојбата со возниот парк.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје