Тонат економиите на три европски земји поради пандемијата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 14 Август, 2020
БДП во Бугарија се намалил за 9,8 отсто, објави Националниот статитстички институт на Бугарија. Вакви лоши податоци немало од 1997 година.
БДП на Унгарија паднал за 14,5 отсто во вториот квартал во однос на првите три месеци од оваа година.
Романија евидентира пад од 12,3 отсто во вториот квартал.
Во вториот квартал на 2020 година, во однос на претходниот квартал, најмал пад е забележан во Финска – 3,2 отсто, Литванија – 5,1 отсто, Данска – 7,4 отсто и Летонија – 7,5 отсто.
Најголем економски пад според сезонски прилагодените податоци е регистриран во Шпанија – 18,5 отсто, Унгарија – 14,5 отсто, Португалија – 13,9 отсто и Франција – 13,8 отсто.
Споредено со истиот квартал лани, сезонски прилагодените податоци покажуваат намалување на нивото на БДП во ЕУ-27 за 14,1 отсто.
Поради коронавирусот еврозоната се движи кон историски најголема рецесија.
Британија влезе во најдлабока рецесија досега.Земјата влезе во најдлабока рецесија откако деновиве податоците покажаа дека економијата паднала за повеќе од која било друга земја од Г7, за време на појавата на коронавирусот во трите месеци до јуни, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.