05 Мај, 2024
0.0261

Tonino Lamborghini - симбол на италијанската кафе-култура

Премиум еспресо за вистинските љубителите на кафе

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Има нешто во самиот чин на пиење кафе што причинува особено задоволство.  Токму затоалуѓето со векови го негуваат ритуалот на пиење кафе, затоа што овој посебен топол напиток не одвојува за миг од обичноста на секојдневието.

Култот кон кафето што го изградија Италијанците продолжува да живее ширум светот преку квалитетната понуда на еспресо со супериорен вкус, послужено со стил. 

Една од најдобрите работи во врска со италијанското кафе е дека, без разлика каде и да сте- во планинско село или на некоја римска пијаца – квалитетот е конзистентен и неспорен. Колку што Италијанците ја сакаат својата порција тестенини al dente, толку повеќе ценат квалитетно еспресо.

Иако првата асоцијација за Италија ни е пица, паста и престижни автомобили, семејството Ламброџини се погрижи светот да не заборави кој прави и послужува најдобро кафе. Идејата потекнува од синот на Феруџио, Тонино Ламборџини кој сакајќи да ја прошири визијата и мисијата на неговото семејство, како и да ја пренесе италијанската традиција ширум светот, започнал со производство на премиум кафе и други напитоци. Кафето покрај автомобилите преставува симбол на италијанската култура и традиција па оттука и самата идеја за производство на кафе со автентичен квалитет и дизајн со познатото лого на фамилијата Ламборџини - “бесен бик”.

Италијанските дизајнери навистина умеат да внесат убавина во иновациите. Водени од значајноста на кафе-културата, семејството Ламборџини и нивниот тим од дизајнери, креираат низа нови искуства за љубителите на квалитетно еспресо.  Од минималистички, префинет дизајн на приборот за послужување на кафе, како и дизајнерската сензација на Тонино Ламборџини кафе машините наменети за угостителите, до задоволството да се има дома црвена лименка 250 грамско пакување на регуларно мелено еспресои еспресо во зрна овие производи се создадени да додат уште поголема вредност на моментот кога целосно ги ослободувате вашите сетила за да уживате во една шолја еспресо. Црна мешавина од Alta Mogiana Арабика и високo квалитетна Робуста, Црвена мешавина на Арабика од Централна Америка и Бразил со допир на робуста или пак Платинум мешавина на бразилски зрна 100 % Арабика, Тонино Ламборџини не отстапува од избалансиран, полн вкус, интензивна арома и автентичен шмек.

Вистинските љубители на еспресо во Македонија наскоро ќе имаат можност да уживаат во вкусот на автентичната италијанската традиција во своите омилени кафулиња, но и да го усовршат процесот на подготовка на еспресо во удобноста на својот дом. Последниот новитет од овој бренд е вистински спој на квалитет и практичност. Тонино Ламборџини еспресо капсули кои се компатибилни со Nespresso® машина за кафе, а ќе можете да ги набавите во вашиот најблизок супермаркет. А за еспресо арома во секое време, па дури и во ноќта, безкофеинска мешавина од Арабика и Робуста од Јужна Америка е вистински избор, достапнаво 250 грамско пакување во лименка и еспресо патрони вакумирани во една доза, фино мелено и печено кафе.

Еспресо е како ниеден друг пијалок на светот. Една доза еспресо во денот прави низа корисни ефекти врз умот и телото. Допринесува за фокус и концентрација, ја поттикнува креативноста , ги изострува сетилата, а аромата предизвикува емоции и спомени кои го негуваат расположението. 

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото