17 Декември, 2025
0.0437

Топлификација победи и во Стразбур

Објавено во: Економија 19 Јули, 2013 10:10

Добивај вести на Viber

Топлификација и нејзините сметки за парно греење не паднаа ниту во Cтразбур, пишува Дневник. Европскиот суд за човекови права ја одбил жалбата на скопјанецот Стрезо Стрезовски кој се жалеше дека му се нарушени основните човекови права и слободи од страна на jавната власт во земјава и Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ). Тој, како што напиша во жалбата, од Судот бараше заштита, бидејќи „со Правилата на РKЕ е присилен, спротивно на својата волја и на дискриминаторски начин повторно да ги користи услугите на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, а ако го одбие тоа, неограничено долго да плаќа паричен надомест за ангажирана моќност“. Во одлуката нема конкретно образложение. „Земајќи ги предвид сите достапни материјали и во границите на својата надлежност, Судот оцени дека критериумите на допуштеност што се дефинирани во членовите 34 и 35 од Kонвенцијата не се исполнети. Оваа одлука е конечна и не може да биде обжалена ниту пред Големиот совет, ниту пред кој и да е друг орган. Секретаријатот не ќе може да Ви дава натамошни објаснувања во врска со одлуката на судијата-поединец. Оттука произлегува дека Вие нема да добиете од судот други дописи во врска со овој предмет. Во согласност со упатствата на Судот, вашиот предмет ќе биде уништен во рок од една година“ - се наведува во известувањето од Судот што деновиве го доби Стрезовски, кој пак, е разочаран од ваквата одлука и вели дека сега ќе мора правдата пак да ја бара на домашен терен.  

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас