17 Декември, 2025
0.0567

Топлификација во договор со Министерството за транспорт и врски ќе прави студии за дистрибуција на гас

Објавено во: Економија 19 Јули, 2013 09:12

Добивај вести на Viber

Cтудии за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во државава ќе изработи Топлификација во договор со Министерството за транспорт и врски. Како што претходно објави Фактор, Конзорциумот на чело со компанијата за проектирање, инженеринг, трговија и транспорт – Топлификација Инжинеринг победи во конкуренција на 4 други фирми, откако на претходниот тендер за изработка на физибилити студијата за развој на дистрибутивната гасоводна мрежа во земјава, неколкуте добиени понуди Министерството ги оцени како неприфатливи. „Топлификација Инженеринг ДООЕЛ Скопје, фирма која е во целосна сопственост на Топлификација АД, потпиша договор со Министерството за транспорт и врски за изработка на идејни проекти и физибилити студии за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во Република Македонија. Вредноста на договорот е 66.9 милиони денари со вклучен ДДВ“ - се наведува во дописот од Топлификација до Македонската берза. Рокот за реализација на договорот е осум месеци.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар