05 Декември, 2025
0.0566

Топлификација ќе се јави на огласот за дистрибуција на топлина

Објавено во: Економија 14 Декември, 2012 14:46

Добивај вести на Viber

УО На Топлификација на денешната седница одлучи да поднесе барање за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија. -Во последните шест години компанијата реализираше насовремен систем за управување со топлинските станици во регионот. Имајќи го в предвид и фактот дека дистрибуцијата на топлинска енергија е најсуптилна дејност во топлификационите системи, ЅО на Топлификација одлучи друштвото за дистрибуција на топлинска енергија да конкурира само за добивање на лиценца за оваа енергетска дејност“, стои во информацијата која Топлификација ја објави на Македонска берза, како ценовно чуствителна информација. За лиценцата производство на топлина, Топлификација во моментот нема финасиски капацитет, а додека за лиценцата снабдување со топлинска енергија, која во моментов ја имаат трите друштва за снабдување со топлинска енергија формирана од Топлификација останува обврската истите друштва да ја вршат дејноста и во следниот период, доколку нема заинтересирани субјекти, стои во соопштението на Топлификација. Јавниот оглас кој регулаторната комисија за енергетика го распиша пред околу две недела, отткако Топлификација ги врати сите три лиценци, трае до денес до 16 часот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката