Топлификација лебди ни на небо, ни на земја, енергетскиот систем под закана да ја преживее зимата!
Објавено во: Анализа, Македонија 03 Декември, 2012 08:42
Државата ако сака може да го реши проблемот
Државата ако сака може да го реши проблемот. Еве на пример на овој начин: државата да и даде од стоковите резерви на Топлификација одредена количина на мазут (колку што ќе се договорат) се разбира со постигнат договор како и кога да се врати мазутот. Нормално државата треба да побара и одредени услови, односно да им наложи на Топлификација да ја намали цената на парното греење, да приклучи голем број од граѓаните кои што веќе не се приклучени на мрежата и на овој начин би можела да ја избалансира работата. Во исто време мора под итно да проработи и ТЕ ТО комбинираната гасна електрана која треба да произведува топлинска и електрична енергија и каде всушност топлинската енергија се добива на поевтин начин.. Постојат и други порадикални решенија во смисла на национализација.
Топлфикација има проблем и со технологијата
Владата мора да размислува за поефтина енергија. Проблем кај Топлификација е и тоа што таа е градена во 70-тите години, тегнологијата е стара, не е ефикасна, наспроти нејзе го имаме ТЕ ТО кој е супер ефикасен, но не работи. Проблемот на оваа приватна инвестиција е што не може да набави природен гас, за да профункционира. Во целата оваа ситуација интересна е улогата на ТЕ ТО. Оваа приватна компанија од природен гас требаше да произведува топлинска и електрична енергија. ТЕ ТО сега не работи. Симптоматично е што токму Топлификација беше главниот промотор на оваа приватна инвестиција на руски “Синтез груп“. Денес се чини односите помеѓу Топлификација и ТЕ ТО не се посакувано ниво, а Топлификација има 20% акции од ТЕ ТО.
Топлификацискиот бизнис во регионот
Денес во Србија постојат повеќе топлани кои преку систем ги снабдуваат станбените населби со топлинска енергија, организирани се во една Топлана Србија. Србите годинава исто така имаа сериозни проблеми пред почетокот на грејната сезона. УО на ова претпријатие констатираше дека топланите на Србијагас и должат помеѓи 14 и 15 милијарди динари (123,8 милиони и 132,7 милиони евра), а должат и 42.000 тони мазут стокови резерви. Поради лошата состојба пред почетокот на грејната сезона речиси сите топлани најави дека ќе ги зголемат цените, кои се движат околу 1 евро од квадрат за граѓаните, додека за останатите категории цените се повисоки. Идентична е ситуацијата и со Бугарија. И таму топланите имаат огромни долгови кон „Булгаргас“. И српските и бугарските топлани се под државна капа. Во Бугарија пред две години дури имаше и апсења на директори обвинети дека проневериле големи суми на пари.
Ќе се смени ли сопственичката структура во Топлификација
Во изминатиов период Топлификација е на мета на многу купувачи. Според непотврдени информации „Балкан енерџи груп“ е компанија, која неодамна се распрашувала по македонските деловни банки за тоа какво е финансиската состојба на компанијата за производство и дистрибуција на топлинска енергија. Инаку, непосредно после купувањето на акциите на словенечка „Потеза“, од страна на „Кордикор инвестментс лимитед“, кипарската фирма која во јуни стана најголем поединечен акционер во „Топлификација“, Топлификација Скопје до своите акционери испрати текст на спогодба за формирање мнозински пакет-акции. Тогаш од компанијата соопштија дека овој потег следува во согласност со одлуката на Надзорниот одбор за формирање мнозински пакет-акции за заштита на интересите на сите акционери на Топлификација. Но, пакетот не се создаде, а Топлификација денес лебди, ни на небо ни на земја, што би се рекло. Во расчекор од стварните можности и апетитите за нејзино преземање, но лесно може да се случи ваквата ситуација да донесе и поголем проблем во енергетскиот сектор. Ако не успеат да се договорат новите играчи на пазарот со постоечката топлификација, каде се уште е клучот за успешно снабдување со топлинска енергија може да дојде до случи колапс на енергетскиот систем во Македонија. Сите граѓани ќе се приклучат на електрична енергија што пак несомнено ќе предизвика преоптоварување на мрежата. Сепак работите ќе станат појасни кога ќе заврши јавниот повик на Регулаторната комисија за енергетика која бара фирми даго преземат бизнисот на Топлификација.
За Фактор
Мишко Иванов, новинар во ТВ 24 Вести
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





