07 Октомври, 2024
0.0258

Тортурата на Заев со притворените патриоти ги надмина сите граници,обвини ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ  преку партиско соопштение упатува остра реакција за повторното приведување на обвинети за настаните на 27 април.

Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Крајно нечовечки, на голем дел од неосновано притворените за 27-ми април, завчера им беше преиначена мерката од ефективен во куќен притвор, а веќе вчера, партискиот суд и обвинителство на Зоран Заев, одлучија повторно да ги приведуваат пред очите на нивните семејства. Кој го нарача и кому му беше потребно ваквото малтретирање? Зошто некој сакаше семејствата повторно да ги проживуваат истите трауми? Што се смени во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот? Одговорот е ништо! Ништо освен што видовме и официјално сведочење и потврда пред судот дека Зоран Заев барал поткуп од едно евро за него, евро за партијата и евро за црквата од квадратен метар. После ова сведочење Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер“, се наведува во партиското соопштение.

Тие сметаат  дека ваков корумпиран политичар во секоја правна држава би имал забрана за вршење на јавна функција.

„Токму ова сведочење мора да биде покриено со нови политички апсења и притвори без никаква основа. Сите политички неистомисленици мора да бидат заплашени и трауматизирани за да не кренат глас. Судството и јавното обвинителство мора да ја докажат својата лојалност кон Заев и власта. Судот мора да пронајде сила и да се ослободи од стегите на власта и да суди во корист на правото. Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот. Обвинителството мора да ги гони вистинските криминалци во Македонија од кои дел се наоѓаат на Илинденска бр. 2, наместо да ги гони патриотите и уставобранителите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Од опозициската партија доваваат дека обвинителството мора да запре со штанцањето на неосновани политички монтирани обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев кои први предупредија дека тој има нарушени морални вредности.

„Во Македонија мора да се врати владеењето на правото. СДСМ сноси директна одговорност за крахот на правниот систем. Македонија мора повторно да стане правна и демократската држава за да се вратиме на патот на Евроатланските ингеграции и остварување на нашите стратешки цели“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил