18 Декември, 2025
0.0712

ТОТАЛНО ЛУДИЛО ВО ФРАНЦИЈА! Премиерот формираше влада, назначи министри, а по само 27 дена поднесе оставка

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2025 10:49

Добивај вести на Viber

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати, соопшти Елисејската палата.

Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, пренесува германската агенција.

Како резултат на тоа, се појавија шпекулации за можно повлекување на конзервативците од коалицијата со центристичкиот табор на Макрон, кој нема парламентарно мнозинство.

Лекорну требаше утре да даде владина изјава пред Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание, и да ги открие преостанатите позиции во кабинетот, потсетува ДПА.

Неговата оставка беше неочекувана и без преседан, што дополнително ја продлабочи политичката криза во Франција, според Ројтерс. По објавувањето на неговата оставка, вредноста на француските акции нагло падна, како и вредноста на еврото.

По неколку недели консултации со политичките партии, Лекорну, близок сојузник на претседателот Емануел Макрон, вчера назначи неколку министри.

Но, новиот состав на владата предизвика незадоволство и кај десницата и кај левицата. Некои го сметаа за премногу десничарски, други недоволно, што веднаш го покрена прашањето за неговата издржливост во време кога Франција е веќе длабоко заглавена во политичка нестабилност, без јасно мнозинство во фрагментираниот парламент.

Француската политичка сцена станува сè понестабилна по реизборот на Макрон во 2022 година, без ниту една партија или коалиција да има мнозинство во парламентот. Одлуката на Макрон да распише предвремени парламентарни избори минатата година дополнително ја продлабочи кризата, бидејќи резултатот беше уште пофрагментиран парламент. Лекорну, кој беше назначен само минатиот месец, беше петтиот премиер на Макрон во изминатите две години.

Фото: Принскрин/Икс

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина