20 Декември, 2025
0.0583

Традиционални и модерни мартинките ќе бидат изложени во Скопје

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2017 11:15

Добивај вести на Viber

Меѓународна изложба на која ќе бидат изложени рачно изработени мартинки од Македонија, Бугарија и Романија ќе биде отворена утре (петок, 24 февруари) во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“и е дел од активностите врзани со интернационалната апликација до УНЕСКО запризнавање на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство. Апликацијата заеднички ќе ја поднесатМакедонија, Бугарија, Романија и Молдавија.

Изложбата ќе биде отворена до втори март и ќе бидат прикажани мартинките односно оригиналните рачно изработени амајлии. Постановката ќе биде збогатена и со модерни амајлии изработени од модното студио „Магда“, а ќе биде претставена и археолошка визуелизација на праисториското потекло на мартинките преку археолошки предмети од територијата на Р. Македонија. Воедно ќе има и едукативни панели, проекција на документарни филмови, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.


„Мартинките се еден од симболите на културниот идентитет на македонскиот народ. Но воедно се дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка која го поврзува овој дел од Европа. „Хаемус“ ги почитува мартинките, верувањата и обичаите поврзани со нив и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Се надеваме дека овие амајлии наскоро ќе станат нематеријално светско културно наследство вклучено на листата на УНЕСКО“, вели Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.




Главен партнер на изложбата е градскиот музеј во Крива Паланка, а настанот се прави под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии