ТРАДИЦИОНАЛНО: Џафери го честита празникот
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018 09:57
Традиционално, спикерот на Собранието на РМ го честита 24 мај, Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј.
За сплотеност, радост, успеси, за подобри времиња.
-Овој државен празник со кој им оддаваме почит на оснновачите на првата словенска азбука, зазема значајно место во историјата како на македонскиот, така и на словенските народи. Нивните дела и нивната работа се издигнуваат над самите нив како учители, затоа што тие биле водени од многу повисоки идеали. Преку описменување и просветувањето на народот му помогнале да прогледа и му дале орудие за издигнување над времето, се вели во честитката.
Мисијата на браќата Кирил и Методиј и нивните заложби, стои во честитката, нѐ потсетуваат дека стремежот на човекот и на човештвото опстојува низ историјата и ја менува само формата, но не и суштината затоа што нивната вистинска борба е за универзалните основни човекови права.
Можеби ќе ве интересира
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта




