Добивај вести на Viber
Со богата, посна Светиниколска трпеза во централното градско подрачје во Прилеп традиционално по деветти пат прилепчани го чествуваа патронот и заштитник на градот под Марковите кули, Свети Никола.
Во присуство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и други гости, на денешната свеченост беше одржана утринска литургија , водоосветување и прережување на празничниот колач пред параклисот ``Свети Никола`` во центарот на градот.
На посната трпеза традиционално се служеа повеќе од 60 илјади посни сармички, 350 килограми грав, два тона вино, ракија, риба приготвени според прилепската традиција, зготвени од активистките на женските здруженија.
Домаќин на годинешната градска слава беше Мермерниот комбинат, а кумот на прославата, сопственикот на Мермерен комбинат, Гркот Илијас Ригополус им се обрати на прилепчани на македонски јазик.