Трагедија во Македонија: При истовар на мермер загина едно лице, а четворица се повредени
Објавено во: Македонија 30 Март, 2018
Попладнево околу 17 часот уште една трагедија ја потресе Македонија.
Во несреќата која се се случила во Кочани загина едно лице, а повеќемина се повредени.
Според првичните информации во несреќата при истовар на мермер во фирма во Кочани, загина еден, а четворица работници се повредени.
Трагедијата се случила околу 17 часот.
Неофицијално две лица со тешки повреди итно се препратени на скопските клиники, додека другите двајца со полесни повреди се препратени во Кочанската болница.