29 Септември, 2024
0.0251

ТРАГИ КРВ СЕ ГЛЕДААТ НА АВТОБУСОТ, 11 ЗАГИНАА КАЈ АНКАРА: Удрил со страшна брзина во бетонски столб од подвозник

Објавено во: Свет 09 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Трагедија во близина на Анкара во Турција, има ногу загинати и повредени откако патнички автобус  удрил во столб од подвозник, пишува агенцијата Анадолија.

Катастрофалната несреќа се случила во близина на областа Полатли во Анкара, при што загинаа најмалку 11 лица, а 26 се повредени.

Автобусот, управуван од Оз Агри Сеш Туризм, се движел од Измир кон Агри кога во раните утрински часови излетал од патот и удрил во столбовите на подвозникот во близина на селото Олукпинар. Регистерската табличка на автобусот била пријавена како 04 AAV 951, но идентитетот на возачот се уште не е потврден.

Службите за итни случаи, вклучително и пожарникарите, веднаш реагираа на местото за да ги спасат заглавените патници во автобусот. Повредените патници се пренесени во блиските болници за укажување лекарска помош.

Гувернерот на Анкара, Васип Сахин, ги потврди првичните бројки за жртвите и напомена дека рутата каде се случила несреќата е затворена за сообраќај.

Автобусот се движеше со голема брзина

Сведокот, Мурат Туркоглу, кој возеше зад автобусот, ги опиша моментите пред несреќата: 

„Го оставивме Темели заедно, возејќи блиску еден зад друг. Автобусот се движеше доста брзо, а на околу 3 до 4 километри пред несреќата, почна да скршнува неконтролирано и удри во столбот од подвозникот. Остатоци од автобусот го погодија и нашето возило. Трепкавме со светлата и свиревме, но возачот не забележа ништо, не не слушна“.

фото: Print Screen/AA

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот